Во близина на Чернобил ПРОНАШЛЕ старец и се ИЗНЕНАДИЛЕ КОГА ВИДЕЛЕ КАКО ИЗГЛЕДА!

Иван Шамјанок (90), е единствениот човек којшто живее во близина на злогласниот Чернобил, пишува „Дејли Меил“. Тој живее во селото Тулговичи во Белорусија, надвор од забранетата зона. Кога пред 30 години властите ги терале да избегаат од радиоактивниот облак, тој и неговата сопруга одбиле да го сторат тоа.На 26 април 1986 година, дојде до пропуст при тестирање во нуклеарната електрана Чернобил во тогашната советска република Украина, што резултираше со облаци радиоактивен материјал кои се рашириле низ Европа и присилиле над 100.000 луѓе трајно да ја напуштат затворената „забранета зона“ која се протега од двете страни на украинско-белоруската граница. Зоната е со површина од 2.600 квадратни километри, отприлика со големина на Луксембург.
И понатаму е здрав
Шамјанок тврди дека ниту тој, ниту неговата сопруга никогаш не почувствувале последици од радијацијата.
„Засега е сѐ во ред. Вчера дојдоа доктори, ме ставија во кревет и ме проверуваа и мереа. Рекоа на крај дека сѐ е во ред со мене“ – вели Шамјанок.
„Сестра ми живееше тука со сопругот. Одлучија да си заминат и наскоро се најдоа под земја. Починаа од депресија. Јас не сум депресивен. Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека.“
Шамјанок вели дека животот не му се сменил многу по катастрофата. Тој и неговото семејство продолжиле да јадат овошје и зеленчук што сами го одгледувале, понатаму чувале крави, свињи и кокошки за месо, млеко и јајца.

Луѓето не ни помислуваат да се вратат
Откако неговата сопруга починала, а децата се отселиле, тој останал заедно со неговиот внук којшто живее на другиот крај од селото.
„Дали ќе се вратат луѓето? Не, нема.“
Се наближува 30. годишнина од катастрофата која фрла нова светлина на долгорочното влијание врз луѓето коишто ги почувствувале последиците од најлошата нуклеарна катастрофа во историјата.
Службениот број на луѓе коишто брзо починале од последиците од радијацијата е 31, но многу повеќе починале од болести предизвикани од радијација, како што е ракот. Вкупниот број на мртви од долгорочните последици и понатаму е главна тема на бројни дебати.На 26 април 1986 година, дојде до пропуст при тестирање во нуклеарната електрана Чернобил во тогашната советска република Украина, што резултираше

Пронајдете не на следниве мрежи: