Жената го измамила својот вереник а и неговиот брат за 150.000 фунти (околу 190.000 евра) кои ги потрошила на хотели, лимузини, концерти… а целата одмазда ја прикривала преправајќи се дека има рак.Линси Мичел (31) е осудена на 4 ипол години затвор откако судијата пресудил дека таа потполно му го уништила животот на Ричард Фортун и неговиот брат Дерек.
Ричард доживеал срцев удар откако дознал за измамата и понатаму е болен и чека трансплантација.
Измамничката овие двајца браќа ги оставила без пари откако ги украла нивните кредитни картички а земала и кредит и ги испразнила сите сметки.
Ричард и Дерек кои живееле во куќата на своите родители биле запрепастени и не им се верувало дека Линзи била во можност да го направи сето тоа три години пред да забележат.
Таа украла 41.000 евра од својот вереник, а 108.000 од неговиот брат. Голем број од парите ги извлекла во 2009 година и во 2012 година ги префрлила на својата сметка.
Земала и разни кредити вклучувајќи го и оној на 256 месеци. Измамата е откриена во текот на петиот месец во 2013 година кога Дерек се посомневал и отишол во банката.
Таму доживеал голем шок…
Му било кажано дека неговото салдо паднало од 90.000 на минус од 2,495 фунти а на неговата штедна сметка имало само осум пени.
Кога браќата започнале да истражуваат Линси побегнала од земјата тврдејќи дека мора да се грижи за смртно болниот татко во Чешка.
Но, таа веќе ги земала 150.000 те фунти од браќата и ги потрошила на луксузни хотели, лимузини и концерти.
Своето екстравагантно трошење го оправдувала со нејзината болест, тврдејќи дека има рак и оштетен црн дроб.А сето тоа било само една голема лага!
„Тие пари нема да можат да ги надокнадам никогаш бидејќи тоа беше целото мое животно штедење. Сега сум на прагот да ја изгубам и работата која ја работам бидејќи морав да си земам време да му се посветам на мојот болен брат. Се плашам ако го изгубам него, нема да имам ништо вредно повеќе за кое би живеел. Се станува полошо. Ништо не ми остана повеќе. Според она што ни се случи ќе ни останат долгови до крајот на животот и не гледам светло на крајот од тунелот.“- кажува Дерек. Линси Мичел (31) е осудена на 4 ипол години затвор откако судијата пресудил дека таа потполно му го уништила животот на Ри



