Група ентузијасти од Босна и Херцеговина ќе организираат печење на најголемиот бурек во светот со цел рекордот да биде објавен во Гинисовата книга на рекордите.Со ова тие сакаат на светот да им ги претстават локалните производи, културата, традицијата и кујната, пишува „Сараево тајмс“.
-Бурекот е типичен босански произод и можеме да го претставиме гастрономски. Тоа е начин да се претстави Босна и Херцеговина во светот, како и да се привлече вниманието на нашето општество кон овој производ како домашен, истакна Имер Исовиќ, организатор на печењето бурек.
Идејата е најголемиот бурек да биде испечен во октомври.Со ова тие сакаат на светот да им ги претстават локалните производи, културата, традицијата и кујната, пишува „Сараево тајмс“.