четврток, 26 ноември 2026
Најново

Во бранот лажни закани за бомби во Русија евакуирани речиси милион луѓе

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќе од 950.000 луѓе се евакуирани низ цела Русија од 11 септември, кога започна серијата лажни анонимни закани за поставени експлозивни направи, соопштија денеска руските безбедносни агенции.Најголемата закана се случи во петокот во Москва, кога поради лажна најава за бомба беа евакуирани повеќе од 250 згради, додека вчера поради лажни закани беше спроведена евакуација на 37 објекти во неколку градови, меѓу кои и Москва, Санкт Петербург и Нижњи Новгород.
Според претставник на безбедносните служби, од 11 септември до 19 октомври лажни закани се регистрирани во 114 градови, односно беа евакуираниј повеќе од 2.300 објекти, вклучувајќи и шопинг центри, училишта, станици, аеродроми, кина, ноќни клубови и административни згради.
Штетата предизвикана од ови закани само во првите неколку дена се проценува на повеќе од 300 милиони рубљи или 5,2 милиона американски долари.
 
 Најголемата закана се случи во петокот во Москва, кога поради лажна најава за бомба беа евакуирани повеќе од 250 згради, додека вчера поради

Поврзани вести