Шефот на преговарачкиот тим на Европската комисија за Брегзит, Мишел Барние го означи почетокот на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија, во присуство на британскиот државен серетар за Брегзит Дејвид Дејвис, кој пристигна во Брисел.Денеска ги почнуваме преговорите за излегување на Обединетото кралство од ЕУ, изјави Барние, откако му ја стисна раката на Дејвис.
Тој прецизира дека целта на оваа прва средба ќе биде определување на приоритетите и на програмата на преговорите.
Британскиот државен секретар за Брегзит изјави дека се стреми кон позитивен и конструктивен тон во преговорите.
– Повеќе нешта не поврзуваат, отколку што не разделуваат, додаде тој.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека преговорите за Брегзит, кои почнаа денеска треба да го подготват теренот за „подлабоко и специјално партнерство“, какво што Лондон сака да одржи со ЕУ.
Џонсон пред денешната средба на министрите за надворешни работи од Унијата во Луксембург изрази надеж дека преговорите ќе доведат до „успешна разврска, која ќе биде од корист за двете страни“.
– Најважното сега е да гледаме напред, да мислиме за иднината и за новото партнерство, длабоко и специјално партнерство, кое сакаме да го изградиме со нашите пријатели, нагласи тој.Денеска ги почнуваме преговорите за излегување на Обединетото кралство од ЕУ, изјави Барние, откако му ја стисна раката на Дејвис.
Тој прец