Канадските власти во западната провинција Британска Колумбија синоќа донесоа одлука вонредната состојба да биде продолжена за уште две седмици поради 140-те шумски пожари, што предизвикаа евакуација на речиси 45.000 лица.Премиерот на провинцијата Џон Хорган истакна дека евакуираните лица ќе добијат по 600 канадски долари од Владата (477 американски долари), со цел да ги подмират основните потреби во текот на наредните 14 денови, пред да можат да се вратат во нивните домови. За оваа цел е оформен владин фонд од 100 милиони канадски долари.
На 7 јули во Британска Колумбија беше прогласена вонредна состојба, првпат по 2003 година.
Силните ветрови ги разгореа пожарите предизвикани од молњи и човечки фактор, во централните и јужните подрачја на провинцијата, што беа опафатени од суша.
Предизвикани се големи материјални штети врз домовите и електричната мрежа.
Илјадници пожарникари се борат со огнената стихија, како и канадски воени авиони.
Вкупната површина на изгореното земјиште изнаесува 353.000 хектари, а штетата се проценува на повеќе од 105 милиони канадски долари.Премиерот на провинцијата Џон Хорган истакна дека евакуираните лица ќе добијат по 600 канадски долари од Владата (477 американски долари), со цел д