Во цело Скопје не се дише од загадениот воздух, Заев и градоначалниците веќе не зборуваат за воздухот

Скопје, а и уште неколку градови во Македонија буквално се гушат последниве денови. Иако на граѓаните им беше ветуван чист воздух од страна на кандидатите за градоначалници од СДСМ и премиерот Зоран Заев, сепак добивме и повеќе од алармантна ситуација последниов период.Во текот на изминатите 24 часа на територија на Скопје, најзагаден бил воздухот во Лисиче, со висока концентрација на ПМ10 честички.
Во различни делови од денот, концентрацијата на овие штетни честички во воздухот во населбата била и неколкупати поголема од дозволенаа граница.
Во Центар се измерени помеѓу 70-112 микрограми на метар кубен во различни делови од денот, а во Гази Баба концентрацијата на ПМ 10 била меѓу 100-140 микрограми на метар кубен.
Во Карпош вредностите се движеле меѓу 70-168 микрограми, додека во воздухот во Лисиче во еден дел од денот биле измерени 452-486 микрограми на метар кубен, што е 8 до 9 пати повеќе од дозволеното.
Она што претставува најголема грижа кај граѓаните е самиот факт што градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, самиот призна дека градот Скопје нема целосен план за состојбата со загадувањето, дека сите мерки за справување со овој проблем се во фаза на предвидување и плариње.
-Планот предвидува краткорочни и среднорочни мерки во однос на загадувањето. Планираме уште зимава да воведеме забрани за градежни активности во најзагадените делови на градот. Предвидуваме и нови политики во јавниот превоз и промоцијата на велосипедизмот, пишаа од градот Скопје.
Наместо конкретни мерки за справување со загадувањето, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој како што пишавме и самиот призна дека нема целосен план за справување со овој проблем, реши да удри директно по џебот на граѓаните, со најава дека ќе се поскапува паркингот во Скопје.
-Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.
Покрај големите проблеми со загадувањето, за кои очигледно градоначалниците од СДСМ немаат способност да е справат, тие прекршуваат уште едно ветување кое го даваа пред граѓаните, а тоа е дека нема да има сеча на зеленилото. Ветувано беше повеќе зеленило, но вчера имаше сеча на цел парк во населба Чаир, а градоначалникот Шилегов кажа дека не знаел за тоа, иако тоа е негова работа и е нешто што мора да го знае.
Граѓаните коментираат дека ниту градоначалникот Шилегов, ниту премиерот Заев, ниту останатите градоначалници веќе не зборуваат за воздухот, како да заборавиле што ветуваа пред локалните избори.
Надвор од Скопје, зголемено загадување на воздухот е забележано во Битола, Кичево, Тетово, Велес, Кочани и Куманово.Во текот на изминатите 24 часа на територија на Скопје, најзагаден бил воздухот во Лисиче, со висока концентрација на ПМ10 честички.
Во раз

Пронајдете не на следниве мрежи: