недела, 29 ноември 2026
Најново

Во четврток ќе се прославува Св.Петка: Еве како да се подготвите за празникот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако ја викаат Црна света Петка, луѓето веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести. Поради тоа, народот ја нарекува уште и мајка Параскева.Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Kултот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води. Петковден како домашна слава се празнува со служби посветени на св. Петка, а го празнуваат голем број македонски семејства.
На Петковден именден слават Петко, Петкана, Параскева, Пенка.
Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува утре. Сите три името го добиле бидејќи биле родени во петок кога (пред христијанството) Евреите се подготвувале да го одбележат празникот и неработен ден – сабота. Уште од тоа време Параскева значи подготовка.
Според житието на св. Петка Епиватска, таа е родена во Епиват во Тракија, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на 10 век. Нејзините родители биле од словенско потекло, побожни луѓе, па така ги одгледувале и своите деца. Параскева била многу мала кога покажувала интерес за монашкиот живот. Имала брат Ефтимие, кој подоцна станал епископ мадитски.
Параскева живеела со своите родители до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, па во јорданската пустина (денешен Израел) каде што живеела во пост и во молитва до староста. Се вратила во родниот Епиват каде што по две години се упоколила, според житието, во 11 век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во романскиот град Јаши.
Во Македонија култот кон света Петка особено бил раширен во Мариово. Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.
Има уште два празника посветени на св. Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка) која се слави на 8 август, и Преподобна маченичка Петка (Икониска), која се одбележува на 10 ноември. Денешната се нарекува и Црна света Пека бидејќи светицата секогаш била облечена во црно.Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден

Поврзани вести