Еве на што налетавме додека се движевме низ Џамбо деновиве. Имено, на рафтовите, како играчки за најмалите, каде што има сложувалки со геометриски облици, со слики од јунаци од цртаните имаше и сложувалка со бугарска азбука по цена од 119 денари…
Овие сложувалки се користат од најмали дечиња за развивање на когнитивните способности и за најрана ориентација. Тоа значи дека од нив остануваат траги и подоцна во животот.
Затоа не е јасно како е можно наместо македонска азбука, да се продава бугарска азбука и на тоа никој да не реагира. Дали е ова провокација од грчкиот сопственик, која е намерна?
Очекуваме да реагираат соодветните инспекторати и играчката да се повлече од продажба. Ние ќе продолжиме да известуваме дали истата е повлечена и е реагирано по нашиот апел.
Еве на што налетавме додека се движевме низ Џамбо деновиве. Имено, на рафтовите, како играчки за најмалите, каде што и