На само два дена пред парламентарните избори во Р.Македонија, Зоран Заев најсилната поддршка ја добива од Косовските медиумски магнати и пропагатори на големо-албанската идеја, пренесува Инфомакс.Со голема помпа, во обид да му помогне на неговиот другар, Закир Беќири – Чауш на својот ФБ профил, од затвор, објави видео интервју со директорот на косовската телевизија „Клан“ и политички аналитичар Батон Хаџиу, според кој сепаратистот и дезертер, а воедно и лидер на СДСМ Зоран Заев е единствениот човек кој може да ги спаси Албанците во Македонија.
Според Хаџиу, Али Ахмети кој бил испратен од Косовските албанци во Македонија за тука да ги заштитува ветераните на УЧК и албанското население не успеал во таа задача, а наместо тоа почнал да се занимава со чување на овчар. Според зборовите на Хаџиу, Али Ахмети станал „овчар кој се занимава со политика по потреба“.
Директорот на телевизијата „Клан“ која безрезервно застана позади Заев уште за времето на терористичкиот напад на терористите од Косово во Диво Насеље, и каде што Заев за прв пат го промовираше проектот за воведување на двојазичност и федерализација, немаше влакна на јазикот ниту за Мендух Тачи, велејќи дека нему му било страв како и на Ахмети да се појави во Куманово бидејќи таму ќе го убиеле.
Наместо тоа, сепаратистот Заев според Хаџиу е спасителот, кој добил аплаузи и скандирање од Албанското население во Диво Насеље другиот ден по завршувањето на акцијата.
Овој потег кој за Хаџиу е „месијански“, беше остро осуден во Македонската јавност, имајќи во предвид дека Зоран Заев и Оливер Спасовски се фотографираа со јатаците на терористите, и оние кои плукаа и ги исвиркуваа полицајците кои под два дена битка си заминуваа од Куманово.
Хаџиу не застанува тука. Тој понатаму тврди дека Косово има обврска да се грижи за Албанците во Македонија, и затоа може слободно да се меша во внатрешните работи на Македонија, а за тоа најдобар би бил Зоран Заев бидејќи бил отворен кон идејата за формирање на слободни територии на кои Албанците ќе можат самите да си донесуваат одлуки за нивниот живот и територија. На овој начин, Заев би овозможил спроведување на силна комуникација помеѓу Албанските слбодни територии (кантони според програмата на СДСМ), кои потоа преку референдум би можеле слободно да се отцепат.
Косовскиот пропагатор, вели дека Груевски бил опасен за Албанците бидејќи сакал да величи измислена историја, преку градење на споменици во Скопје на големци како Александар Македонски и други „лилипутанци“, кои не се дел од Македонската историја. Според Хаџиу, Македонската нација е измислена и има лажна историја која Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се труди да ја пропагира.
Доколку влезеа во НАТО немаше да ги имаат овие проблеми во Македонија, не сакаа да го сменат името затоа што се бореа за непознат идентитет се со една цел за да изградат споменици – вели Батон Хаџиу, директор на Косовската телевизија „Клан
Ова тврдење на Батон Хаџиу е доказ дека врз Македонија се врши притисок по секоја цена, насилно и со променето име да државата да стане дел од НАТО алијансата, инаку според тврдењето на Хаџиу би можеле да се соочиме со други насилства слични на оние во Диво Насеље.
За ова зборуваа и македонските експерти.
Имено, уредникот на ТВ Сител Драган Павловиќ – Латас, во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на Јанко Илковски јасно посочи дека врз Маекдонија се врши притисок да влезе во НАТО како федеративна албанска држава, во која нема да постои дефинирана нација и дефиниран јазик. Според Латас, ова не го дозволува Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа е една од причините што Македонија е падната во политичка криза.
Во недела ќе се води последната битка за Македонија. Сепаратистот и дезертер Зоран Заев во последнава недела има зголемена активност и контакти со голем број на водачи на албански криминално-терористички банди од Косово, претходно договорени од неговиот соработник и член на ИО на СДСМ Мухамед Зекири, со кои ќе се обидат да предизвикаат инциденти на денот на изборите.
Во недела, ќе избираме или Македонија или „македонско Косово“ од понеделник!Со голема помпа, во обид да му помогне на неговиот другар, Закир Беќири – Чауш на својот ФБ профил, од затвор, објави видео интервју со дирек