Според податоците од избирачките места во општина Гевгелија за само три часа, од 10 до 13 часот, за четири пати е зголемена излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори во земјава.– Заклучно со 13 часот на 37 гласачки места гласале 8.272 граѓани што изразено во проценти изнесува излезност од 42,72 отсто која во 10 часот беше само 9,8 отсто. Имаме убав ден и досега гласањето се одвива во демократска атмосфера, мирно и достоинствено, изјави Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК-Гевгелија.
Слична излезност на граѓаните е забележана и во општина Богданци каде според информациите од ОИК до 13 часот гласале 2.774 гласачи што претставува излезност од 40,17 отсто.
Од ОИК Валандово информираа дека излезноста достигнала 36,2 отсто, односно дека до 13 часот гласале 3.624 граѓани, а нешто помала излезност од 35,26 отсто е регистрирана во општина Дојран, каде гласале 974 од запишаните 2.568 избирачи.– Заклучно со 13 часот на 37 гласачки места гласале 8.272 граѓани што изразено во проценти изнесува излезност од 42,72 отсто која во 10 часот