Во Грција после шест години од политиката на штедење расте бројот на самоубиства!

Според најновите истражувања секој ден во Грција се убива по еден човек.Сега е сосема извесно дека помеѓу тешката економска ситуација и самоубиствата постои директна врска. 
Да се најде работа е тешко. Работодавците повеќе сакаат да вработуваат странци, тие бараат помалку пари и за разлика од нас на нив не им се потрешни никакви уплати за данок и придонеси- вели бездомникот Павлос.
Многу Грци се најдоа на улица. Некои од нив се одлучиле за самоубиство, немајќи енергија да се носат со товарот. Нивниот број расте. „Бев многу брзо до самоубиство и сигурна сум дека многу Грци го чусвтвуваат тоа“- вели едната жителка. 
Истражувањата во прв ред покажале дека растот на самоубиства во Грција во последните неколку години директно е поврзан со намалување на државниот буџет, поради што милиони луѓе останаа без работа. Во Грција во ризичната група спаѓаат мажи помеѓу 45 и 89 години. 
„Тие веќе не се чусвтвуваат како мажи, добитници. Се појавува внатрешен конфликт, нивната самодоверба не е во склад со условите на работа и тие се одлучуваат за самоубиство“- вели психологот Арис Виолатис. 
Арис работи со луѓе кои размислуваат за самоубиство. Пред една година, Павлос бил еден од нив. 

 
„Немав каде да живеам, немав ни каде да одам. Ме одведоа кај свештеник, кој ми кажуваше чудни работи. Тогаш ја изгубив главата, имав 53 години и не знаев што да правам“-вели тој. 
Од 2009 до 2010 година во Грција се извршени 551 самоубиство, а тоа значи од прилика едно дневно. Но никој не се чуди за тоа. 
Според истражувањето во 2010 година во Грција се случувале од прилика две самоубиства дневно, половина поради економската криза. 
Проблемот е во тоа што после шест години штедење воопшто нема ни надеж дека ќе биде подобро. Сега е сосема извесно дека помеѓу тешката економска ситуација и самоубиствата постои директна врска. 
Да се најде работа е тешко. Рабо

Пронајдете не на следниве мрежи: