Во хотел се убиени деветмина странци

Деветмина странски туристи се убиени во хотел, кога вооружени лица влегле во хотелот и ги нападнале.
Овој немил настан се случил во хотел во провинцијата Гилгит-Балтистан во северниот дел на Пакистан. Меѓу убиените странци има петмина Украинци, тројца Кинези и еден Русин.
Локалната полиција соопшти дека вооружените напаѓачи упаднале во хотелот и почнале да пукаат кон гостите. Хотелот се наоѓа во близина на почетната база за искачување на врвот Нанга Парбат, кој со своите 8.126 е деветти по височина во светот. Одговорност за нападот презеде пакистанската екстремистичка група Џиндалах.
„Тие странци се наши непријатели и ние со гордост преземаме одговорност за нивното убиство. Ќе продолжиме со слични напади и во иднина“, нагласи во телефонска изјава портпаролот на сунитската исламистичка група Ахмад Марват.Деветмина странски туристи се убиени во хотел, кога вооружени лица влегле во хотелот и ги нападнале.

Пронајдете не на следниве мрежи: