Постара 79 годишна жена се здобила со тешки телесни повреди кога од невнимателното возење паднала од својот велосипед. Но, покрај тоа заработила и прекршочна пријава.
Полицијата од Хрватска соопштила дека во неделата околу 9 часот, старата жена паднала од велосипедот и се повредила но дека ќе треба да го посети судот за прекшоци бидејќи против неа е поднесена прекршочна пријава од страна на полицијата.
Казната за овој прекршок може да изнесува повеќе од стотина евра.
Ова не е прв случај на ваков вид на казни во Хрватска, неодамна едно момче платило казна од 200 евра поради паѓање од велосипед што според полицијата, настанало од пребрзо возење на истиот.
Постара 79 годишна жена се здобила со тешки телесни повреди кога од невнимателното возење паднала од својот велосипед.