Триесет и девет лица, од кои 32 странци, за кои се претпоставува дека се поврзани со Исламска држава, се уапсени од страна на турските сили за борба против тероризмот, пишува „Дејли сабах“.Според информациите на весникот, полицијата рано утринава извршила акции во осум реони на главниот град.
Седуммината Турци, уапсени при операцијата, се однесени во Одделот за борба против тероризам во истанбулскиот квартал Фатих. За странците се преземени дејства за депортација.
Во акцијата се запленети голем број дигитални материјали и документи.Според информациите на весникот, полицијата рано утринава извршила акции во осум реони на главниот град.