Американска туристка чие тело е пронајдено во стариот дел на турската метропола Истанбул е убиена со куршум в главата, изјави во неделата началникот на градската полиција Хусеин Чапкин.
Сопругот на Сараи Сиера од Њујорк го идентификувал телото на својата 33-годишна сопруга во саботата доцна навечер во истанбулската мртовечница, соопшти државната телевизија TRT.
Американката патувала сама, а нејзиното исчезнување било пријавено на 21-ви јануари.
„Жртвата е убиена со застрелување со еден куршум во главата”, изјави Чапкин, пренесе CNNTurk.
Полицијата ја истражува претпоставката според која жената е убиена на друго место,а пота нејзиното тело било пренесено во Сарајбурн, местото на коешто е пронајдено нејзиното тело. Во рамките на истрагата досега биле испитани 11 лица, додал Чапкин.
Макфакс
Американска туристка чие тело е пронајдено во стариот дел на