Од козметика и процедури до пластична хирургија – борбата против стареењето е профитабилен бизнис. До денес, сепак, и покрај сите глобални напори и потрошени милијарди за производи и истражувања „фонтаната на младоста“ сѐ уште не е откриена.Ново истражување спроведено во американскиот Универзитет Јута, дава нова надеж. Научниците откриле дека трансплантирање на млади јајници во возрасни глувци го обрнува процесот на стареење во нивниот метаболизам и нивниот имунолошки систем.
Џефри Мејсон од Универзитетот Јута, отстранил јајници на 10 глувци на возраст од 12 месеци и во состојба на менопауза. Тој ги заменил со јајници земени од глувци на возраст од 60 дена (грубо пресметано, еквивалентни на 20-тите години во човечкиот живот).
Четири месеци по оваа постапка, Мејсон открил дека имунолошките Т-клетки (чија задача е да се борат со нови инфекции и кои се намалуваат со стареењето) всушност се зголемиле кај глувците по трансплантацијата. Глувците со млади јајници успевале да ја чистат глукозата од крвта побрзо, доказ за подобрување на метаболизмот. Новите откритија додаваат знаење кон претходните експерименти на тимот, кои докажале дека глувците на кои им била извршена трансплантација живеат 40% подолго.
Во теорија, ова значи дека е можно да се замрзне и зачува ткиво од млади јајници и да се ре-имплантира подоцна со цел подобрување на здравјето. Веројатно придобивките од ваквата постапка нема да се особено долготрајни, но шансите за минливиот ефект изгледаат добри.
Резултатите од истражувањето го фокусираат вниманието на улогата која ја играат јајниците во процесот на стареењето. Сѐ уште не е јасно како точно јајниците ги обезбедуваат овие здравствени придобивки.
Прашањето дали методот може да биде применет кај луѓето, исто така нема одговор.Ново истражување спроведено во американскиот Универзитет Јута, дава нова надеж. Научниците откриле дека трансплантирање на млади јајници во возрасн