Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јануари 2017 година ќе објави Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија – ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година. Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 од јавниот повик се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.
Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско