Во малото јапонско гратче Кавасаки, секоја прва недела од април се одржува голема парада во чест на машкиот полов орган.Верувајте дека не халуцинирате! Овие Јапонци секоја година го прославуваат овој фестивал.
Станува збор за традиционална манифестација која датира уште од 16 век. Проститутките од тоа време решиле масовно да се собираат околу гигантска статуа на пенис, за да го молат да ги заштити од полово преносливи инфекции.
Исто така, легендата вели дека некогаш одамна живеела опасна демонка, во вид на женски полов орган, која за време на првата брачна ноќ ги кастрирала младите момчиња.
Затоа младите Јапонки му се обраќале на најдобриот ковач да им искова огромна розова машка алатка која единствено може да ја порази оваа страшна демонка.
Во денешно време овој фестивал е само една весела пролетна туристичка атракција, на која можат да се купат разни видови на сувенири, да се јава на дрвена верзија од органот и да се купат десерти во најразлични облици.
Сепак, сето ова не е залудно. Локалните власти ја користат оваа прилика за да ги донираат сите собрани средства во истражувања против сидата.
Верувајте дека не халуцинирате! Овие Јапонци секоја година го прославуваат овој фестивал.
Станува збор за традиционална манифестација која