Париската опсерваторија точно на полноќ ќе додаде уште една секунда, поради исправувањето на разликите помеѓу атомското време и времето на Земјата. Научниците пресметале дека 2015 ќе мора да биде подолга за една секунда отколку што би требало, бидејќи треба да се усклади атомското време со земјиното, поради тоа што нашата планета е се поспора.Додавањето на „престапната секунда“ во овој момент би можело да предизвика катастрофални падови на системите на целиот интернет, предупредуваат експертите.
Дополнителната секунда ќе биде додадена по 26-ти пат од 1972 година кога за прв пат е сторено ова, по откривањето дека „атомското време“ оди пред „земјиното“ (за два илјадити дела од секунда секој ден). Е сега, за да се синхронизираат овие времиња, на неколку години мораат да се ускладат на овој начин.
Она што е поинакво годинава е стравот дека дополнителната секунда ќе ги сруши системите на многу интернет сајтови.
И во 2012 година кога се случило додавањето, иамло катастрофални падови, бидејќи разни подсистеми се изгубиле во промената на времето. Инкау, доколку не би се уфрлала оваа „дополнителна секунда“, атомското и земјиното време би се разликувале за половина час до 2.700-та година. Според најавите без интернет ќе останеме на 30-ти јуни точно на полноќ.Додавањето на „престапната секунда“ во овој момент би можело да предизвика катастрофални падови на системите на целиот интернет, предуп