Во Калифорнија се организира референдум за излез од САД

Движењето Yes California достави до обвинителството на Калифорнија предлог за референдум за независност од САД , пишува „Лос Анџелес тајмс“.Активистите побарале да биде регистрирано барањето за референдум, кој се нарекува „Calexit: плебисцит во 2019 за независноста на Калифорнија“.
Потоа, тие ќе почнат да собираат потписи за поддршка на анкетата. Според нив,веќе има 13 000 доброволци.
Потпретседателот на движењето Yes California Маркус Руиз Еванс, изјави дека организацијата за барањето на референдумот беше предвидена за почетокот на следната година, но изборот на Доналд Трамп за претседател ги принудил активистите да побрзаат.
„Сѐ е реално. Се однесуваме кон тоа сериозно“ – истакна Еванс.
Приврзаниците на отцепувањето на Калифорнија од САД се надеваат гласањето ќе се одржи на 13 март 2019 година.
Прашањето ќе гласи: „Дали мислите дека Калифорнија треба да стане слободна, суверена и независна држава?“.
Резултатите треба да бидат признати ако во гласањето учествуваат над 50% од жителите на државата и ако над 55% од нив одговорат позитивно.
Жителите на Калифорнија повикаа на 9 ноември, веднаш по претседателските избори во САД , да започне кампања за излез на државата од САД .
Хаштагот #Calexit (California exit, по аналогија со Brexit) брзо доби популарност на Twitter.
Калифорнија е најнаселена држава во САД – со речиси 40 милиони жители и е на прво место меѓу американските држави по обемот на БДП.Активистите побарале да биде регистрирано барањето за референдум, кој се нарекува „Calexit: плебисцит во 2019 за независноста на Калифорнија&

Пронајдете не на следниве мрежи: