Во Кочани, Чешиново-Облешево и Виница навреме беа отворени гласачките места

Гласањето во сите гласачки места во општина Кочани започна точно во 7 часот и истото се одвива без проблеми. На избирачкиот список во вкупни 61 избирачко место се запишани 32.933 граѓани со право на глас, информира претседателката на општинската изборна комисија Далиборка Стојанова.Во општина Кочани на овие парламентарни избори гласачките места се намалени за две во планинскиот дел на осоговијата, поради намален број на бирачи, согласно упатството на ДИК.
Во општина Виница денес се гласа на 33 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 17.071 граѓани.Гласањето се одвива норамлно без забелешки, истакнува Ацо Ѓоргиев, претседател на Општинската изборна комисија.
Гласањето на предвремените парламентарни избори од изутринава се одвива нормално и во општините од регионот. Во општина Чешиново Облешево се гласа на 13 избирачки места, а се запишани 5.716 бирачи. Во општина Зрновци се гласа на 4 избирачки места, а на единствениот изборачки список се запишани 2.613 граѓани.Во општина Кочани на овие парламентарни избори гласачките места се намалени за две во планинскиот дел на осоговијата, поради намален број на бирачи

Пронајдете не на следниве мрежи: