Во кого ЌЕ СЕ ЗАТРЕСКАТЕ ова лето: Вагите нема да можат да се одделат од Водолија, а Скорпиите би сакале малку нежност од…

Летото само со себе носи многу нови љубови, па ако сте сингл – треба да обрнете на овие хороскопски знаци!Овен
Фрлете ја Аморовата стрела накај некој Стрелец бидејќи е општо познато дека овие момци можат да ви приредат незаборавни моменти. Припадниците на овој знак позитивно ќе влијаат на вас, правилно насочувајќи ја вашата енергија.
Бик
Пронајдете партнер кој е Девица бидејќи тој ќе ви даде однос полн со разбирање. На жените кои се Бик во хороскоп им одговара практичноста, мудроста и сериозноста на една Девица. Со здружени сили можете да постигнете многу бидејќи ќе бидете извонредни пријатели и љубовници кои ќе знаат да ги задоволат меѓусебните потреби.
Близнаци
Доколку сте припадник на овој знак, тогаш тежнеете по некој Лав кој со својата сила и топлина ќе ви го згрее срцето, но и телото. Мажот Лав е како некој учител кој ќе ве соочи со вашите маани но и предности, давајќи ви ветар во грбот со својата енергија.

 
Рак
Жената Рак би требало да обрне внимание на личност во знак Скорпија. Токму овој подоброод сите знаци ќе знае да ја цени нејзината потреба за топлина. Во некоја рака „ќе ги чита“ вашите мисли, а ќе ви овозможи интелектуално емоционален поттик. Плус, никогаш нема да ви биде досадно.
Лав
Побарајте некој Овен бидејќи само тој може да ги следи вашите желби. Вашата врска ќе ја краси високото ниво на толеранција и компромис, иако малку ќе се расправате бидејќи имате сличен темперамент.
Девица
На вам ви одговара Јарец бидејќи ги разбира вашите стравови и ќе ви овозможи доволно љубов и заштита. Исто така и двајцата сте практични и многу реални знаци кои се насочени кон негување на семејни вредности.

 
Вага
Побарајте Водолија бидејќи таа ќе умее да ги задоволи сите ваши еротски сетила. Покрај него никогаш нема да ви биде досадно бидејќи ќе умее да ве расположи кога сте тажни или изморени.
Скорпија
На вам ви е потребен нежен, страстен и сензуален маж кој можете да го пронајдете во знакот на Риби. Вашиот однос ќе биде крајно емотивен и бурен, но рибата ќе умее и да го поднесе вашето променливо расположение па и вашата ироничност и критичност.
Стрелец
Дамите во овој знак би морале да пронајдат некој огнен Овен кој ќе им овозможи акција и возбудување. Ќе ги разбере вашите потреби и ќе ви даде доволно простор да се изразите и отворите, а на сексуален план, немате никаква грижа – оган на квадрат!

 
Јарец
На вам ви е потребен Бик бидејќи ќе ви го даде тоа кон што најмногу тежнеете – сигурност! Двајцата сте знаци кои цврсто веруваат во традицијата, но и семејните вредности, па заедно полесно ќе го постигнете сето тоа.
Водолија
Близнаците ви се совршен партнер за пролет и лето. Овој маж ќе ги разбере вашите хирови и потреби да ја задржите индивидуалноста и слободата, а притоа двајцата сте друштвени и секогаш имате теми на разговор.
Риби
Вам најмногу ви одговара Рак, бидејќи со својот мирољубив карактер ќе ги смири вашите сомнежи и љубомора. Мажот Рак ќе ве чита како отворена книга и ќе ви го овозможи посакуваното чувство на сигурност. Овен
Фрлете ја Аморовата стрела накај некој Стрелец бидејќи е општо познато дека овие момци можат да ви приредат незаборав

Пронајдете не на следниве мрежи: