Во кои градови е -10 степени, а каде има снег?

Според УХМР, по сончевото и студено време во утринските часови, преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди.Утрово во Македонија беа измерени најниски температури оваа зима. Во три градови во Македонија беа измерени -10 степени ова утро во 7 часот, а тоа се градовите Берово, Маврово и Лазарополе.
Исто така далеку под нулата беше и во Крива Паланка и Крушево со -8, Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец со -6, Дебар, Тополчани, Охрид и Битола со -5, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип со -4, а во Гевгелија -1.
Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува 8 сантиметри, во Пожаране 7…
Според УХМР, по сончевото и студено време во утринските часови, преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува умерен ветер ветер, од северозападен правец, долж Повардарието ќе се засилува, а западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет, а правецот ќе биде од североисток. Максималните температури од 3 до 8 степени.
Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер. Температурата до 6 степени.Утрово во Македонија беа измерени најниски температури оваа зима. Во три градови во Македонија беа измерени -10 степени ова утро во 7 часот, а тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: