Во кој град беше најладно утрово?

Нестабилното време проследено во пороен дожд, грмежи и зсилен ветер ги намали пеколните температури во Македонија.Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најниска температура утринава во 8:30 часот била измерена во Лазарополе, 10 степени.
Во Крушево и Маврово температурата изнесувала 12 степени, 13 во Претор, 14 Дебар и Ѓуриште, 15 во Пожаране, Охрид, Крива Паланка, Берово, 16 во Прилеп, Скопје и Тополчани, 17 степени во Куманово и Виница, 18 во Битола, Скопје Петровец, Штип и Тетово, 20 во Демир Капија и Струмица и 22 степени во Гевгелија.
Во Штип брзината на ветерот достигнувал и до 50 километри на час.
За денес се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд и грмежи. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а ќе дува умерен до засилен ветер од север и северозападен правец. Максималната температура во земјава ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје попладне ќе има стабилизирање на времето, но ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде до 25 степени.
Веќе се утре, понеделник, времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината, информираат од УХМР.Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најниска температура утринава во 8:30 часот била измерена во Лазарополе, 10 степени.
Во

Пронајдете не на следниве мрежи: