Во Крин започна 41. дводневен Самит на Г7

Со позирање за заедничка фотографија пред замокот Еламу во германскиот град Крин, лидерите на земјите-членки на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), попладнево го започнаа својот 41. дводневен Самит.Како што јави ДПА, по тн. „семејна фотографија“, лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција, во замокот Елмау ја почнаа својата прва работна средба во рамки на Самитот, која е посветена на состојбата во која се наоѓа глобалната економија. 
Сите учесници на Самитот до замокот Еламу, кадешто ги пречека домаќинот на средбата – германската канцеларка Ангела Меркел, пристигнаа со мали автомобили на електричен погон.
Во исто време, додека почнуваше Самитот на Г7, членови на организации за борба против сиромаштијата,во воздухот пуштија балони со ликовите на сите учесници на собирот.
На овој начин, како што изјавија, тие сакаат да упатат апел до лидерите на Г7 да ги исполнат своите ветувања за справување со сиромаштијата во светот.Како што јави ДПА, по тн. „семејна фотографија“, лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција, во

Пронајдете не на следниве мрежи: