Вкупно 229 болни и изнемоштени лица од општина Крива Паланка денеска го оствариле своето избирачко право за предвремените парламантарни избори закажани за 11 декември.Од Општинската изборна комисија информираат дека за гласање на изборите биле пријавени вкупно 250 болни и изнемоштени лица од кои 20 биле одбиени, додека за едно лице било утврдено дека е два пати запишано, односно, две различни лица го пријавиле, по што е констатирано дека станува збор за исто лице и тоа го оствари своето избирачко право.
Правото на глас денеска го остварија и затворениците од општинскиот затвор во Крива Паланка кои гласаа во избирачко место непосредно до затворскиот објект.
– Целиот недоверлив и доверлив избирачки материјал е примен на време, евидентиран е и подигнат од страна на претседателите на избирачките одбори. Очекуваме галсањето да протече нормално и без пречки, изјави претседателот на Општинската изборна комисија, Крива Паланка, Душко Арсовски.
Во Крива Паланка право на глас имаат 17.068 граѓани кои утре ќе гласаат на вкупно 47 избирачки места.Од Општинската изборна комисија информираат дека за гласање на изборите биле пријавени вкупно 250 болни и изнемоштени лица од кои 20 биле одбиени,