Од Подрачната единица на Хемиско-епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје од Крива Паланка информираат дека во јануари на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце се регистрирани 11 случаи на заболени од грип.– Заболените се претежно на возраст од 15 до 64 години, додека евидентирани се по еден случај на возраст од 5 до 14 години и над 60 годишна возраст. Споредено со истиот месец минатата година кога вкупниот број на заболени од грип изнесуваше 15 пријавени случаи и тоа сите на возраст од 15 до 64 години, овој месец имаме намалување на бројот на заболени, изјави доктор Елена Крстевска од Подрачната единица во Крива Паланка.
Според неа, во октомври голем број граѓани ја примиле вакцината што влијаело на намалениот број на заболени. – Бројот на регистрирани случаи на грип очекуваме да расте месецов. Лани во февруари тој број достигнал 36, изјави Крстевска.– Заболените се претежно на возраст од 15 до 64 години, додека евидентирани се по еден случај на возраст од 5 до 14 години и над 60 годишна в