На листата на 10 најголеми светски кражби се најде и една голема македонска кражба која неодамна беше доста актуелна во македонските медиуми. Овие 10 најголеми светски кражби покажуваат дека најмногу се крадат дијаманти, пари, злато и други скапоцени предмети.
10. 2,6 милиони долари вреден дијамантски ѓердан украден на забава на Канскиот филмски фестивал
Покрај 80-те телохранители, дијамантски ѓердан исчезна за време на забавата на Канскиот филмски фестивал. Барем 20 различни модели го носеле скапиот накит кој е дел од колекцијата на швајцарскиот златар Де Грисоџоно. На фестивалот исчезна и уште едно парче накит вредно милиони долари, а според полицијата која ги истражува двата случаи, овој настан е честа мета на крадците.
9. Поштенските работници и нивните блиски се уапсени за кражба на околу 2,7 милиони долари од Македонски пошти
Кражбите се случиле во серија од шест грабежи во Македонски пошти во населба во Скопје, пишува Business Insider. Последниот од нив, резултираше со приведување на шест луѓе за грабежот во Чаир, вклучувајќи го и одговорниот за безбедноста, двајца поштари и директорот на таа поштенска единица.
Business Insider пишува и дека сумата од околу 2 милиони евра се користела за плаќање на пензиите за терористите кои во конфликтот се бореа против македонската полиција.
8. Вработен во винарска визба украл вредни шишиња од визбите на клиентите
Џорџ Осуми од Калифорнија, работел во визбата Irvine's Legend Cellars, каде според обвинувањето, украл и заменил повеќе од 1.000 шишиња вредно вино од приватните сефови на клиентите.
Тој ги менувал скапите шишиња вино, со вина од по 2 долари, а негов пријател потоа на аукција ги продавал вредните вина. Осуми потоа ги делел парите со пријателот кој не знаел дека вината се украдени.
7. Двајца поштари од Атланта украле чекови вредни 3 милиони долари
Џарард Исон соработувал со Дебора Фамбро-Ехолс за да украдат пари и повеќе од 1.300 чекови од поштенската служба во Атланта. Исон ги собирал во својот дом и планирал да ги користи за сопствени цели.
6. Самопрогласена „циганска фамилија“ украла електроника вредна 3 милиони долари
Фамилијата составена од двајца мажи и две жени од Чикаго, била приведена во март, за крадење во продавници за електронска опрема вклучувајќи ги и продавниците на Apple и Best Buy низ целата држава. Мажите ја пикирале опремата, а жените успевале да ја украдат така што ќе ја скријат под нивните преголеми фустани. Полицијата ги обвинила дека се организирана група која оперирала низ неколку држави во САД.
5. Украле накит од 4 милиони долари од ексклузивна продавница во Париз
Облечени со маски, перики и панцирни елеци, крадците украле накит вреден 3 милиони евра од De Beers дијамантите од Printemps продавниците во текот на февруари.
Крадците заминале тивко, а поголемиот дел од вработените и од купувачите, немале претстава дека се случил грабеж. Интересно, 24 часа претходно, вооружени крадци успеале да украдат околу 50 милиони долари вредни дијаманти од аеродромот во Брисел.
4. Ограбувачи на банки ископале отвор низ 91 сантиметар дебел ѕид во Berliner Volksbank
Крадците украле предмети од повеќе од 100 сефови, а кражбата се проценува на 13,3 милиони долари, во кеш, накит и други вредни предмети.
Полицијата верува дека крадците почнале да го копаат ѕидот, неколку недели пред грабежот, преку изнајмена гаража. Откако завршиле, тие го запалиле тунелот, за да ги избришат сите траги на ДНК или на отисоци од прстите.
3. Осум крадци маскирани како полицајци украле 50 милиони долари вредни дијаманти од аеродромот во Брисел
Тие стигнале на пистата на аеродромот, ја пресретнале пратката со обработени и необработени дијаманти, кои преку Helvetic Airways, требале да стигнат до Цирих.
Тие избегале низ дупка во оградата на аеродромот и оставиле запалено едно од возилата за бегство. Вкупно 31 осомничени биле приведени во три држави, а се уште не е познато дали сите дијаманти се вратени.
2. Седум слики вредни 66,5 милиони долари биле украдени од Kunsthal галеријата во Ротердам
Претставникот на Christie's од Амстердам изјавил дека сликите меѓу кои се и дела на Пикасо, Моне и Матис вредат околу 50 милиони евра, а биле украдени за помалку од две минути.
За жал, овие историски дела, можеби никогаш нема да бидат вратени, бидејќи минатиот месец, мајката на еден од осомничените крадци од Романија, изјавила дека ги запалила сликите. Официјални лица од музејот на Романија ги анализираат остатоците за да потврдат дали навистина се уништени тие дела.
1. Крадец сред бел ден, украл 136 милиони долари вреден накит од хотел во Кан
Крадецот успеал од странична врата да влезе во Carlton Intercontinental хотелот во Кан и да избега со куфер полн со дијаманти кои биле дел од изложбата на накит на израелскиот милијардер Лев Левиев.
На местото имало само тројца обезбедувачи, а дилемата е дали тие биле вооружени. Кражбата која завршила молскавично, е една од најголемите кражби на накит воопшто.
Интересно, во овој хотел е сместено и дејствието на филмот на Алфред Хичкок од 1955 година – To Catch a Thief, кој е приказна за грабеж на накит.Овие 10 најголеми светски кражби покажуваат дека најмногу се крадат дијаманти, пари, злато и други скапоцени предмети.