Во Македонија искршени четири автомобили со грчки таблички

Вести од Македонија: Денес на територијата на Република Македонија повторно се искршени 4 автомобили со Атински таблички, со што бројот на искршени Атински коли достигна 234.Вести од Македонија: Денес на територијата на Република Македонија повторно се искршени 4 автомобили со Атински таблички, со што бројот на искршени Атински коли достигна 234. И после препораката од Јужна Атина да не патуваат за Македонија, Атинците масовно одат на одмор во Македонија. Охрид е преполн со Атински гости, Преспа и Дојран исто така немаат место за нови гости. Според еден Атински гостин, Охрид е поефтин од Атина, едно кафе и сокче во Охрид се 100 денари додека во Атина се 120 денари. “нека ми е кршат колата, нема проблем, се се прави…битно 10% поефтино плаќам тука„ Еден друг гостин ни велит: “Езеро си е езеро и не е море, си носиме своја храна, узо, скара и така многу ефтино си поминуваме на одмор..„ Атинските гости на граница се пречекани од групата Сребрена Зорица со Македонски патриотски песни и Македонски знамиња. На секое кола од Атина при влез во Македонија и беше  залепена лепенка со текстот “Признаени од Македонија како РЈА – Република Јужна Атина„ Што и да се потрудиме да ги бркаме јужните соседи, сепак масовно доаѓаат кај нас на одмор. Како што знаеме Јужна Атина сакат да се преклучи во Европска Унија и НАТО, ама Македонија им го попречува патот поради името на Атина.
Извор: ohrigani.mkВести од Македонија: Денес на територијата на Република Македонија повторно се искршени 4 автомобили со Атински таблич

Пронајдете не на следниве мрежи: