Во Македонија постои движење за обнова на Охридската Архиепископија во унија со римокатоличката црква

ПЕТКО СЛАВЕЈКОВ ДО БУГАРСКИОТ ЕГЗАРХ: ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ ДВИЖЕЊЕ ЗА ОБНОВА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО УНИЈА СО РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА, ШТО ПОДРАЗБИРА НЕЗАВИСНО НАЦИОНАЛНО И ЦРКОВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ Солун, февруари 1874 год.
 “Ваше Блажество,
Пред два дена испратив писмо по доверлив човек, во кое накратко Ви ја опишав положбата во Солун и во Македонија во врска со неразумното движење за обнова на Охридската архиепископија во унија со римокатоличката црква. По средбата со некои овдешни првенци, разбрав дека веќе насекаде се зборува за еден поширок план, а имено да се создаде унијатска црква во Македонија.
Според веродостојни извори, се чека само на хиротонијата на дедо Харитон за да се пристапи кон тоа дело. Додека не дојде благослов од Папата за прогласување на уни­­јат­с­ка Охридска архиепископија, владиците со своите епархии да бидат сос­та­вен дел на Уни­јатската црква со седиште во Одрин. Потоа, за охридски ар­хие­пис­­коп ќе биде назначен дедо Натанаил, за Пелагонсдката епархија дедо Пана­рет, за Де­бар­­ската  епархија јеромонахот Козам Пречистенски, за Солунската дедо Нил Из­воров, за Скопската дедо Доротеј. Другите епархии, за кои уште нема избрани кан­ди­дати, прив­ремено ќе се раководат од соседните архиереи. Дедо Нил ќе остане за вла­ди­ка во Солун, Кукуш и Воден. Отец Харитон, откако ќе биде ракоположен, ќе стане вла­дика во Серско и Мелничко. Дедо Дионисиј, како архимандрит, привремено ќе ја упра­ву­ва­ат Струмичката епархија.
Имам личен впечаток, Ваше Блаженство, деке никој тука не моли за вистинска уни­ја со Римокатоличката црква. Таа треба да биде средство за обнова на Ох­рид­с­ка­та архиепископија. Ова го чувствуваат и католичките средини и затоа не­ма­ат го­ле­ма доверба во луѓето со кои преговарааат. Затоа сметам дека не е доцна да се деј­ст­вува, да се премавне незадоволаството, кое понатаму може да се надвладее. По­­опас­но е унијатското движење во оние места каде што и порано од слични причини до­­аѓаше со Уни­ја. Предводи Кукуш, по него иде Дојран, сочувствуваат Струмица, Ма­ле­шево, Воден. По нив клинкааат солунските, серските, мелничките и драмските села. На­вистина таму нема силни раздвижувања на унијатската пропаганда, но таму ка-де што чади, ќе има и оган. Се очекува за епископ Нил издавање на берат, па огнот да плам­­не. Веднаш Пол­јан­ската епархија (Дојранската епархија, н.б.) ќе премине во Унија, кон неа ќе се при­со­единат Струмичката и Воденската епархија, а и многу села од Солун­с­­­ката, Драмската и серската и други епархии. Секако ќе се занишаат и другите маке­дон­с­­ки епаргхии, нај­напред Велешката, па Скопската и другите. Велешката епар­хија и така е незадоволна од својот владика Дамаскин, а притоа велешани, под­бу­дени од влас­то­љубие, и сметаат де­ка тие треба да ја управувааат јужна Македонија во цр­ковен пог­лед.
Причината за ваквата ситуација во цела Македонија е наполно јасна. Маке­дон­ските епар­­хии и градовите што веќе ги спомнав се мошне огорчени од теш­ката црковно-на­род­на положба во која се наоѓаат. За ширењето на идејата за об­нова  на Охридската ар­хи­е­пис­­копија врз унијатска основа помагаат и фран­цус­ките и австриските конзули, кои ве­ту­­ваат полна заштите пред турските власти и пред го­не­њата од Цариградската пат­ри­јар­­шија. Индиректно, за ширењето на Унијата во Ма­кедонија помагаат и Грците, кои оче­ку­ваат преку Унијата да слаб­нее Егзар­хи-ја-та и да побараат сојуз за ликви­ди­рање на ка­то­личката пропаганда во Ма­ке­до­ни-ја. Ова го заклучувам од водените разговори со грч­ки­от конзул во Солун. Тој ни нај­мал­ку не е загрижен од опасниоста за ширењето на Уни­ја­та во Македонија. Нап-ротив, Гр­­ција бара опора за својата стопанска и национална деј­ност во Македеонија. Според мис­­лењето на грчкиот конзул, овој дел на народот, кој не ќе ја прими Унијата, разочаран од Егзархијата, ќе остане под јурисдикција на Патри­јар­ши­јата.
Агентите и приврзаниците на унијата во разговорот што го водев не случајно спо­­ме­ну­ваат дека само преку Унијата може да се постигне разрешување на “Ма­ке­дон­­­­ското прашање”. За да ги искористат до крај нерасположението и огор­ченоста на народот против Егрзархијата, тие ги засилуваат обвиненијата про­тив Ег­зар­хи­ја­та. Тие зборуваат за македонското прашање врз црковна основа, но исто­вре­ме­но ги потхранувааат старите сепаратистички тенденции кај Маке­дон­ци­те, преку Уни­ја­та да се создаде една нова етничка област – во духот на Митхад-па­ши­ните кро­ежи. Како што во 1860 година римокатоличките агенти за Унијата беа из­работиле кул­турно-на­ционална програма за ослободување на бугарскиот народ од Пат­ри­јаршијата, така и сега тие се јавуваат со определена програма за духовно-на­ци­о­нал­но ос­ло­бо­ду­ва-ње на македонските епархии преку Унијата. Веќе и во кому­ни­кацискиот ја­зик на ма­ке­донските дејци се зборува  за “македонското движење”, под кое треба да се раз­бира независно национално и црковно ослободување. Тре­ба да посочам поц­вр­сто, Ваше Блаженство, дека тука има еден момент од важен по­литички ка-рак­тер, се­паратизмот се шири од црковна на поширока народносна ос­нова…”
С.  Димевски, Две писма на П. Р. Славејков…, стр.  561-566;
Документи за борбата на македонскиот народ, I, стр.221-223;                                                                   “Ваше Блажество,
Пред два дена испратив писмо по доверлив човек, во кое накратко Ви ја опишав положбата во Солун и во Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: