ВО МАКЕДОНИЈА СЕ СПОЈУВААТ ВКУСОВИТЕ на Балканот, Медитеранот и Ориентот

Македонската кујна е идеална комбинација на лесната медитеранска и заситувачката Балканска гастрономија, а ориенталниот „шмек“ најдобро и највкусно се чувствува во слатките  десерти.Македонската кујна е идеална комбинација на лесната медитеранска и заситувачката Балканска гастрономија. Хрватскиот портал 24sata.hr пишува дека поради благата клима, многу сонце, свежата вода и плодна земја, во Македонија совршено успева свеж зеленчук, сочно овошје и вкусни билки кои растат на македонските планини.
Посебно омилен зеленчук во Македонија се црвените пиперки од кои се прави сочен ајвар.

Често се користат и млечни производи, а Македонија е позната и по своите сирења, млеко и јогурт.
TOП 10 најдобри македонски јадења – Прочитајте ТУКА
Важен аспект на гастрономската култура во Македонија се виното и ракијата кои совршено се совпаѓаат со одличната храна. Најраспостранети две сорти на грозје се Вранец (од кое се прави црно вино) и Смедеревка (од кое се прави бело вино).

Националното јадење се смета за традиционално македонско јадење, таканаречено „Тавче-гравче“. Тоа е запечен грав со лук и пиперка кој може да се послужи со разни јадења со месо (ребра, колбасици).

 

Компир, ориз, домат, морков, пиперка и свинско, јагнешко или говедско месо се состојки за уште едно типично македонско јадење, наречено „Турлитава“.

Поради повеќе столетија под турско ропство, во македонската кујна се чувствува и ориентален „шмек“ што најмногу се одразило на десертите. Така што не е реткост на македонската маса да се затекне локум, баклава и тулумби. Македонската кујна е идеална комбинација на лесната медитеранска и заситувачката Балканска гастрономија. Хрватскиот портал

Пронајдете не на следниве мрежи: