Зголемен е бројот на пациенти со убоди од крлежи кои побарале лекарска интервенција во Итната медицинска служба во Делчево.Доктор Гоце Стоименовски од Итната медицинска помош во Делчево изјави дека последните две недели десетина пациенти побарале лекарска помош поради убод на крлежи.
– Над 90 отсто од случаите се овде третирани, додека останатите се транспортирани до болничките центри во Кочани или Штип, бидејќи имаше потреба од поголема хируршка интервенција. Јас им советувам на пациентите да не експериментираат со крлежите, да не го третираат местото на убодот со кремови, петролеј, масло или да го горат крлежот. Најдобро е веднаш да побараат медицинска помош, истакна Стоименовски.
Тој апелира до сите граѓани кои се движат низ шумите, посебно при бербата на печурки или при лов да носат чизми, панталони со долги ногавици и блузи со долги ракави, бидејќи овие инсекти ги има во ливадите, грмушките, но и кај стоката, а кај нас е најзастапен шумскиот крлеж.
– Крлежите се хранат од крвта на домаќинот, а се преносители на лајмска болест, крлежен менингоенцефатлитис и ерихолоза. Сепак, статистиката вели дека мал е ризикот од зараза при убод на крлежи, но значајно е навременото и правилно отстранување на овој паразит од човечкото тело, вели Стоименовски.
Во продолжение некои од советите што ги објави Пулс24 за справување со крлежите:
-Отстранете ги крлежите со помош на сол
-Како да отстраните крлеж на најлесен начин
-Секој угриз од крлеж треба да се сфати сериозно: Еве што да направите ако се појави црвенило
-Видео: Како правилно да отстраните крлеж?
-Шетајте безбедно: Еве како да се заштитите од крлежитеДоктор Гоце Стоименовски од Итната медицинска помош во Делчево изјави дека последните две недели десетина пациенти побарале лекарска помош поради у