Во Мали убиен командант на Ал Каеда

Војниците од Чад ангажирани во борбите против исламистите во Мали го убиле Моктар Белмоктар, командант на глобалната терористичка организација Ал Каеда за областа Сахел, објавија армиски извори. Загинувањето на Моктар Белмоктар претставува силен удар за исламистичките бунтовници во северниот дел на Мали коишто се потиснати во планинските области со офанзивата што ја преземаа француските и африканските воени сили. „Во саботата на 2-ри март вооружените сили на Чад коишто дејствуваат во северно Мали потполно уништиле терористичка база. Загинаа неколку терористи меѓу кои и нивниот водач Моктар Белмоктар“, изјавил портпаролот на чадските вооружени сили, генералот Закарија Гобунге во изјава прочитана на националната телевизија, пренесува Reuters. Француската војска којашто води офанзива против бунтовници во северно Мали коишто ја заземаа таа територија кон средината на 2012 година, не може да ја потврди информацијата за загинувањето на Белмоктар, како ниту во петокот објавената информација од војската на Чад за убиството на другиот командант на Ал Каеда во регионот, Абу Заид. Белмоктар ја презема одговорноста за терористичката акција во јануари годинава на алжирската гасна постројка кај Ин Аменас во која беа грабнати стотина странски државјани а во акцијата за нивно спасување загинаа вкупни 60 луѓе. Aлжирскиот државјанин Моктар Белмоктар со прекари „Господин Марлборо” и „Едноокиот” , по кого алжирски безбедносните сили се во потрага многу години за различни кривични дела поврзани со тероризмот, беше шефот на киднаперската исламистичка група „Потпишано со крв” која е тесно поврзан со Ал-Каеда и го изведе дрскиот заложнички чин. Четириесетгодишниот Белмокар со децении е вклучен во терористички активности во Алжир и во соседните земји. Повеќепати е осуден на смрт во отсуство за екстремизам. Во 1991 година, тогаш 19-годишниот Белмоктар се бореше на страната на талибаните во Авганистан, каде го загубил левото око, поради што подоцна го доби прекарот „Едноокиот” . Прекарот „Господин Марлборо”, пак, го добил поради тоа што ја имал контролата врз шверцерските канали за цигари и дроги во Алжир. Со парите заработени од шверцот тој ги финансирал екстремистите во Алжир во 1990-тите. Според достапните информации, водачот на „Потпишано со крв” не бил директно вклучен во киднапирањето, но лично ја раководел и а надгледувал целата операција од Мали, каде што живееше последните години. Белмоктар кој во северно Мали ја предводеше Бригадата Mulathameen (Маскираните) ја презема одговорноста за овој напад изведен во името на Ал Каеда.
МакфаксВојниците од Чад ангажирани во борбите против исламистите во Мали го убиле Моктар Белмоктар, командант на глобалната т

Пронајдете не на следниве мрежи: