Во Малме полицијата со коњи ги изгази демострантите

Најмалку тројца демонстранти се повредени кога коњичка полиција денес се судрила со демонстранти во шведскиот град Малме. Уште едно лице било полесно повредено со удар со пендрек, соопшти шведската полиција. За време на протестите, шест лица биле приведени поради предизвикување насилство, нарушување на јавниот мир или затоа што носеле маски.Полицајците на коњи почнале да ја растеруваат групата од околу илјада демонстранти. Некои од нив фрлале со камења. Шведските медиуми објавиле фотографии од луѓе кои лежат на земја, додека полициските коњи претрчуваат преку нив.
Демонстрантите протестирале поради митингот на екстремно десничарската Партија на Швеѓаните пред изборите закажани за 14 септември.

Полицајците на коњи почнале да ја растеруваат групата од околу илјада демонстранти. Некои од нив фрлале со камења. Шведските медиуми објавиле фотог

Пронајдете не на следниве мрежи: