Во Министерството за информатичко општество и администрација денеска е одржан брифинг со претставници на Македонската Медиумска Асоцијација, Македонската асоцијација на новинари и Здружението на новинарите на Македонија, во врска со презентирање на предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, како и предлози и сугестии од засегнатите страни за унапредување на текстот на законот.Со Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, кој е еден од итните реформски приоритети на Владата на Република Македонија кои произлегуваат од извештајот на Прибе, се посочува во соопштението од МИОА, прв пат се укинува дискреционото право на јавните институции за избор на медиуми на кои ќе ги објавуваат своите кампањи, и се воведуваат строги законски критериуми кога и како може да се закупуваат медиуми за таа намена.
-По донесувањето на законот, информативни и рекламни кампањи ќе може да се објавуваат само доколку истите се оправдани, презентирани на соодветен начин, објективни и политички неутрални. Од големо значење е и тоа што секое радио и телевизија, почнувајќи од националните па преку регионалните до локалните, врз основа на финансиските, како и од податоците за гледаност и слушаност, во иднина уште пред самото започнување на кампањата, точно ќе знае во кој обем ќе му биде понудено истата да ја емитува. Изборот на печатени медиуми и интернет портали, кои се регистрирани или во иднина ќе се регистрираат, ќе зависи од самата комуникациска стратегија, односно целната група на кампањата. Со тоа Република Македонија ќе стане една од ретките земји во светот кои имаат регулатива која се однесува на распределба на обемот и средствата за информативните и рекламните кампањи на јавните институции, и тоа на еден фер, објективен и транспарентен начин, се појаснува во денешното соопштение.
Денешниот брифинг, посочуваат во соопштението од МИОА, е само прв во низата кои ќе следуваат, а на кои ќе бидат повикани сите субјекти на кои се однесува законот, со цел да се пренесат и доближат предложените решенија но исто така и да се слушнат конструктивни забелешки и предлози кои предложениот закон ќе го унапредат. Особено радува, се подвлекува, позитивниот и конструктивен пристап од сите национални дигитални телевизии во однос на предложеното законско решение.
Министерството за информатичко општество и администрација, како што е најавено, ќе продолжи и понатаму отворено и транспарентно да ги води процесите за кои е надлежно.Со Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, кој е еден од итните реформски приоритети на Владата на Република Македонија к