РК Миравци веќе се спријатели со Вардар на фејсбук, да не речам дека веќе се и во врска, но статусот се уште им е комлициран.Во Миравци – најспортското село во Европа, познато и како родно место на современиот ФК Вардар, вчера беше основан и ракометен клуб. Како што објаснуваат од управата, на РК Вардар засега му оди добро, но никогаш не се знае. Познато е дека секогаш кога Вардар ќе заглави и треба да испадне од Прва лига, тука е братскиот Миравци да помогне со фузија и фисија.
– Задоволни сме како му оди на Вардар по доаѓањето на спонзорот Самсоненко. Но, знаете како е, спонзори доаѓаат и си одат. Должност на секој миравац кој искрено го сака Вардар е секогаш да биде спремен да му се најде на омилениот клуб. Мора да направиме клуб со играчи кои во даден момент ќе може да се фузираат со вардарци – вели Ѓоко Миравац, претседател на новиот клуб.
РК Миравци веќе се спријатели со Вардар на фејсбук, да не речам дека веќе се и во врска, но статусот се уште им е комлициран.Во Миравци – најспортското село во Европа, познато и како родно место на современиот ФК Вардар, вчера беше основан и р