Во Млечниот пат би можеле да постојат милијарда планети кои се идеални за живот!

Истражување спроведено од страна на Националниот универзитет во Австралија, ги потврди и прошири претходните шпекулирања дека во вселената би можеле да постојат милиони планети, кои според условите за живот се слични на Земјата.Новото истражување драматично ја зголеми бројката на таквите планети, тврдејќи само дека во Млечниот пат постојат милијарда планети кои се погодни за живот.
Тимот истражувачи ги искомбинирале информациите кои биле собрани со помош на телескопот Кеплер, заедно со тн. Закон на Тициус-Боде.
Во истражувањето беа опфатени 68 познати соѕвездија.
Според резултатот на калкулациите, научниците заклучиле дека повеќето ѕвезди во нашата галаксија во просек имаат по две планети во нивната хабитална зона, што значи дека овие планети се лоцирани на соодветна дистанца од нивната ѕвезда-родител, па така, условите на нив се идеални за постоење на вода, но и живот.
Така, резултатите сугерираат дека би можеле да постојат милијарди планети во нашата галаксија, како и неброени планети во универзумот кои се идеални за создавање на услови за живот.
Исто така, научниците објавиле и листа со 77 планети во 40 соѕвездија, кои ги имаат најголемите шанси да бидат забележани додека орбитираат околу нивните ѕвезди-родители.
Но, иако постојат услови за создавање на живот, се наметнува прашањето дали некаде во некоја галаксија постои цивилизација која е попаметна од човечката?
Без разлика дали верувате во вонземјани или не, постојат шанси дека некаде навистина постои живот.
„Постојат повеќе услови за живот и сега знаеме дека бројот на планети на кои би можеле да се појават такви знаци е голем“, изјави д-р Чарли Лајнвивер, кој е еден од авторите на истражувањето и додаде: „Но, изгледа дека во универзумот сѐ уште нема развиена цивилизација која е на ниво на човечката, бидејќи досега веројатно ќе слушневме или ќе остваревме контакт со неа“.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomy Society“. Новото истражување драматично ја зголеми бројката на таквите планети, тврдејќи само дека во Млечниот пат постојат милијарда планети кои се погодни

Пронајдете не на следниве мрежи: