Во мојот гроб е погребан друг човек

Кога Ивчо Марков видел дека на неговото гробно место, погребуваат непознат човек, не ни претчувствувал дека може да заврши во полиција.Залудни биле неговите обиди да спречи извесниот Рајко да биде погребан на неговата парцела. Наместо правда, добил прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, и згора на сето тоа, на својата парцела погребан непознат човек.
– Излегов од својот дом во Станово, беше 28 јануари, и поминав покрај гробиштата. Видов дека се копа на местото кое јас го купив за мене и за мојата сопруга. Ги прашав луѓето што прават, отидов во Месната заедница, а таму велат дека тоа била слободна парцела. Потоа ги донесов документите и сметките дека тоа сум го платил од порано, но ништо од тоа не вредеше. Повикав полиција да го спречи погребот. Но кога дојдоа мене ме пиведоа во станица, и ме држеа таму 3 часа, се додека не го погреба човекот, – вели Ивчо Марков.

 
– Ми нудеа некоја друга парцела, но не сакав. Мојот татко е погребан тука и јас сакав да бидам близу до него. Не планирав да умрам наскоро, но ако тоа се случи би сакал моите деца да запалат свеќа за мене и за нивниот дедо…Затоа и е купен овој гроб. Поднесов пријава до Обвинителството, па ќе видиме што ќе се случи, додава Ивчо.
Од полицијата тврдат дека Ивчо е приведен поради нарушување на јавниот ред и мир. Тој се заканувал во месната заедница и ги навредувал вработените. Во Станово велат дека се е на оставено на одлуката од судот.
– Тоа гробно место според нацртите се водикако слободно веќе од 2010 година. Во нашите документи не е заведено дека тоа место е продадено. Новиот купувач за таа парцела плати 40 000 динари – вели Миладин Вукичевиќ, председател на Месната заедница на Станово.Залудни биле неговите обиди да спречи извесниот Рајко да биде погребан на неговата парцела. Наместо правда, добил прекршочна пријава за нарушување

Пронајдете не на следниве мрежи: