Доктор Ричард Шулц стана светски познат лекар со примената на древни и едноставни техники на лечење кои уште пред 3.500 години се запишани во Библијата. Добивам писма од целиот свет и луѓето се многу задоволни од примената на едноставните техники за лечење кои се опишани во мојата книга и на видео материјали. Јас не сакам да го кријам своето знаење. Во книгата детално имам објаснето и секој може да оздрави многу брзо во домашни услови, и јас воопшто да не сум му потребен. Во прашање се едноставни техники на чистење на организмот, а оние кои се малку вредни, можат сами да ги прават билните препарати и да ги применуваат. Ги дадов сите рецепти и објаснувања- изјавил тој.
Постои лекар кој вели дека „не постојат неизлечиви болести“. Овој лекар исто така тврди дека луѓето се тие кои не сакаат да оздрават односно не сакаат да ги променат лошите животни навики. Верувале или не, овој лекар како основа во својата медицинска работа користи древни принципи кои се запишани пред илијадници години во Библијата.
А на прашањето зошто луѓето се единствени болни организми во природата тој вели:
-Тој вели дека луѓето не се единствено болни, туку и билките и животните кои се под влијание на болниот човек. Главните причини за болеста се нездравата исхрана и погрешната цел во животот. Човекот е создаден да живее во природата, да се занимава со физичка работа, да се храни со свежи билки и да ужива во природата.
Современиот човек избра да живее надвор од природата, во валканите градови, без физичка активност, да се храни со отровна храна, која во голема мера е од животинско потекло, а главната цел му е трчање по пари а тоа го уништува неговиот живот.
Во таквиот живот нема пријатели и нормално е да се разболува од депресија која всушност претставува предупредување на телото. Преку депресијата телото и се обраќа на свеста и и вели: Зарем сакаш да ме убиеш?
Дали сакате да кажете дека депресијата е најтежок облик на болест предизвикан од неприродниот начин на живот?
-Најтешки пациенти се оние кои толку духовно пропаднале па сакаат да умрат. А депресијата е најраспространетата современа болест која човекот го доведува до ситуација да не сака веќе да живее. Аптеките остваруваат голем профит од тие лекови против депресија кои само моментално помагаат но не го решаваат проблемот.
Затоа здравствените проблеми најпрво мора да се решаваат во главата. Ако успееме да ги охрабриме пациентите и да им покажеме дека животот може да биде убав тие се согласуваат да соработуваат и така нема болест која не може да се излечи.
Тоа би значело дека на селата не би требало да има болни луѓе?
-На село нема заболени од депресија, тешко е да се најде, затоа што луѓето се физички активни. Но има други болести затоа што и тие консумираат нездрава храна, особено тутун пијат алкохол, се нервираат. Но денес па и селата се напуштаат и се помалку луѓе има во нив.
Што правите со пациентите кои не сакаат да се излечат?
-Не можам да ги променам оние кои не сакаат да се лечат. Но, имало ситуации кога родителите ги носеле своите деца од 18, 20 години и ме молеа: „Докторе спаси го нашето дете сака да се убие“. Еднаш имаше таква депресивна девојка, на инсистирање на родителите ја однесов на прошетка покрај океанот во Калифорнија.
Малку зборувавме, а девојката со мртов глас ми кажа дека и е доста од животот и дека сака да се убие. Беше јануари месец. Инаку, јас сум инструктор по боречки вештини. Па кога малку одевме јас ненадејно ја фатив со едната рака за нејзината рака, а со другата рака за нејзината нога, и ја фрлив во плиткото на океанот.
Таа почна да вика „Дали си луд. Сакаш ли да ме убиеш?“ Јас и реков да доплива до брегот и да започне да трча со мене до мојата ординација и да се облече. Кога стигнавме беше воодушевена и рече: Докторе како се вика оваа терапија многу ми е подобро?
И реков „хидротерапија“- древна терапија која ја подобрува циркулацијата на крвта низ целото тело, а особено на мозокот кај оние што се во депресија и кога на тоа ќе се додаде физичка активност- пливање, трчање тогаш има извонредни резултати.
Им објаснив дека оваа терапија може да се применува во када или во туш кабина, по една минута туширање со топла, па една минута со ладна вода, и така наизменично седум пати и дека треба да се шета, плива, трча, вози велосипед и депресијата ќе исчезне. Ме послуша и веќе никогаш немала проблеми со депресијата.
Секако оваа техника ретко се применува, односно само во најтешките случаи.
Знаеме дека во Библијата лечењето со вода многу често се користи. Дали лечењето со вода се применува кај третманите на сите болести?
-Хидротерапијата навистина е моќна техника, но не е доволна. Првите чекор во лечењето е чистење на организмот. Па така иститот се чисти од отровите за да може да оздрави. Главен загадувач е дебелото црево и тоа прво се чисти. Имав пациенти кои страдаа од главоболка по седум години.
И кога им го исчистив дебелото црево , главоболката веднаш престана. Па потоа се чистат и другите органи, пред се црниот дроб, кој е главен филтер во организмот, но и жолчката, бубрезите….
Кои техники ги користите за чистење на организмот?
Користам исклучиво билки од природата. За чистење на цревата најдобри се јаболко и слива. Им ги давам на луѓето цедени во вид на сок. За чистење на црниот дроб се користи чаеви на база на шарен трн, може да се користат и сокови од портокал лимон со маслиново масло кои се одлични и за исфрлање на камен.
„Во Библијата е напишано дека Бог ги создал луѓето да се хранат со билки, а се споменува и „ливчиња за исцелување“
-Човекот по својата анатомија навистина треба да јаде билки. Па така треба да ги јаде свежи а не да ги вари, пржи, пече затоа што така се уништуваат хранливите состојки во нив. Пациентите кои се тешко заболени треба да преминат на цедени сокови. Па така првите неколку денови, некогаш и 30 треба да пијат само негазирана вода и 2-3 цедени сокови.
Тоа е вистинска инфузија за организмот. На тој начин системот за варење практично не работи, туку овие сокови директно одат во крвототкот и на тој начин се штеди енергија за работа на имуниот систем и другите механизми кои доведуваат до оздравување, а оргазнимот ги добива сите хранливи состојки кои му се потребни.
По завршувањето со програмата на сокови, се поминува на сурова билна храна. Терапијата со сокови треба да трае барем 5 дена. Кај голем број пациенти се применува и 10 дена, а кај најтешките случаи барем 30. Цело време пациентите консумираат и лековите билки во вид на чаеви, со кои дополнително се поттикнува имунитетниот систем, циркулацијата, чистење на органите и поттикнување на нивната работа и лечење.
Зарем сите лековити билки се толку моќни?
-Секако. Познат е примерот за американскиот трговец од 19-тиот век кој го видел моќното дејство на билката ехинацеа која ја користеле Идијанците, и потоа со својот караван одел низ градовите од Америка и носел напиток од ехинацеа, додека во еден кафез ја држел најотровната змија во Америка.
Потоа на плоштадите на градовите ја завртувал својата ногавица па и дозволувал на змијата да го касне. Потоа пиел од напитокот и останувал жив, на неверување на жителите. Продал голем број шишиња од овој напиток.
Дали ехинацеа е вашата омилена лековита билка?
-Не. Моите омилени билки се лукот и лутата пиперка. Белиот лук е најјак антибиотик и претставува дел од секој медицински третман. Во мојата книга зборував за чудото на лечење на оваа билка. Може да се консумира, од неа да се напрваат вистински вметнувачи за дебелото црево или другите внатрешни органи, а може да се користи и како облога.
Лутата пиперка е исто чудо од билка. Таа ја подобрува циркулација, а тоа е исклучително важно, затоа што кога ќе заболи дел од телото носиме крв и ја подобруваме циркулација. А храната може да влијае на заболените органи. Имавме случаи на големо крварење, кои лекарите не може да го запрат, а после примената на лута пиперка крварењето запре за неколку секунди.
Исто така во случај на кома или несвест, лутата пиперка се внесува во устата и овој буквало за момент „воскреснува“.
Велите дека нема неизлечиви болести: А што е со СИДАТА?
-Имав неколку пациенти заболени од СИДА кои беа буквално во состојба на распаѓање. Веднаш ги ставив на целокупен програм на лечење и после седум дена позитивните резултати беа видливи. Во овој случај беше потребно време од неколку месеци па и години за да дојде до лечење.
А што е со ракот, болестите на срцето?
Верувајте ми дека сите болести се решаваат брзо исто акко настинка само ако пациентот е дисциплиниран и сака да соработува. За само неколку денови, најмногу 10 пациентот се воодушевува од брзината на процесот и оздравувањето.
Дали има нешто што би сакале да го истакнете?
-Многу е важна поддршката од блиските. Мора да има охрабрување од нив. Некои велат дека сум премногу екстрмен затоа некои од нив ги советувам и да ја напуштат работата од која се трујат, да го остват партнерот кој ги демотивира и духовно ги уништува, но за мене е човечкиот живот најважен и тој треба да се сочува.
Ме нападнаа кога на една заболена жена и кажав од ѕид да ги симне сликите на својот петгодишен ѕид кој починал. Таа постојано ги гледала сликите и тагувала. Успеав да ја наговорам да ги спакува истите и да ја обои куќата во друга боја. Таа жена оздраве а мене не ми е грижа што другите зборуваат за мене.
За лечењето е многу важно да не мислиме на грдите работи кои ни се случиле во минатото, да се тргнеме од лоши луѓе и да размислуваме позитивно. Во таа насока е поддршката од пријателите и роднините која е многу корисна.
Вашата книга и видео матријали заинтригираа многу луѓе!
Добивам писма од целиот свет и луѓето се многу задоволни од примената на едноставните техники за лечење кои се опишани во мојата книга и на видео материјали. Јас не сакам да го кријам своето знаење. Во книгата детално имам објаснето и секој може да оздрави многу брзо во домашни услови, и јас воопшто да не сум му потребен. Во прашање се едноставни техники на чистење на организмот, а оние кои се малку вредни, можат сами да ги прават билните препарати и да ги применуваат. Ги дадов сите рецепти и објаснувања. Јас учев од познатитот доктор Кристофер, но неговите формули и техники уште многу ги унапредив, затоа што луѓето денес живеат многу полошо од порано, односно од времето кога Кристофер работеше.
Драго ми е што моите дела се објавуваат секаде во светот.
Обидете се и ќе се уверите дека нема неизлечиви болести. Добивам писма од целиот свет и луѓето се многу задоволни од примената на едноставните техники за лечење кои се опишани во мојата книга и на видео м



