Американските специјални сили кои извршија упад во комплекс во пакистанскиот град Аботабад, испукале повеќе стотици куршуми во мртвото тело на Осама бин Ладен, се вели во најновите извештаи.Според интернет страницата СОФРЕП, што се занимава со операциите на специјалните американски сили, тоа е причина поради која фотографиите на убиениот лидер на Ал Каеда никогаш не се пласирани во јавноста. Во првичните извештаи беше објавено дека Бин Ладен бил убиен со два истрела.
Мет Бисонет, член на американските специјални сили Фоки, кои учествуваа во нападот, напиша дека тој и негови колеги испукале „неколку куршуми“ во Бин Ладен за да бидат сигурни дека е мртов.
Но, неименувани американски извори, од специјалните сили тврдат дека пукањето во мрвиот лидер на Ал Каеда било неумерено, и дека според најкорзевативната претпоставка, во Бин Ладен биле испукани неколку стотици куршуми.
Извор: КурирСпоред интернет страницата СОФРЕП, што се занимава со операциите на специјалните американски сили, тоа е причина поради која фотогр