Во недела нови предвремени парламентарни избори во Косово

Во Косово в недела ќе се одржат парламентарни избори, една година пред редовниот рок, откако првата косовска Влада на широката коалиција падна поради несогласувањата околу договорот за разграничување со Црна Гора, чија ратификација беше услов за приближување кон ЕУ.Како што јави ДПА, според анкетите на јавното мислење, се очекува на изборите да победи „националистичката коалиција“ на Демократската партија на Косово (ПДК) на косовскиот претседател Хашим Тачи и Алијансата за иднината на Косово (ААК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, кој би можела да се најде во позиција самата да ја формира следната влада.
ПДК на Тачи до мај беше дел од владината коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа, но Владата се распадна поради нејзината неспособност да го протурка договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Со договор се определуваше граничната меѓу Косово и Црна Гора, но неговите противници го оценуваат како штетен и тврдат дека Приштина со него отстапила „дел од територијата кој е важен за косовските овчари“.
Иако усвојувањето на договор за границата е поставено како директен услов за косовските граѓани за да добијат безвизно патување во Европската унија, ПДК се приклучи кон опозицијата и пред неговата ратификацијата и нејзините пратеници се изјаснија за недоверба на Кабиентот на Мустафа.
Граѓаните на Косово денес се единствените на Западниот Балкан на кои им требаат визи за патување во ЕУ.
Договорот за границата е само едно од прашањата кои косовските власти го одлагаат и покрај притисокот од ЕУ, која бара Косово да го подобри и правниот систем и да се справи со криминалот и корупцијата, како услов за напредување кон кандидатурата за членство во Унијата.
 
Покрај ова, Косово мора да ја раздвижи замрзнатата економија и да ги подобри условите за живот и за вработување. Десетици илјади граѓани на Косово во 2015 и 2016 година заминаа во ЕУ барајќи работа.
Според податоци на Програмата на ОН за развој (УНДП), во Косово во моментов нивото на сиромаштија изнесува 30 проценти, а стапката на невработеност 33 проценти, при што речиси 60 проценти од младите на возраст меѓу 15 и 24 години се невработени.
Ако Тачи и Харадинај ја формираат следната влада, тие ќе се соочат со истите проблеми, но и со горчливиот вкус да ги продолжат преговорите со Србија под покровителство на ЕУ и да бидат обвинети од новиот специјален суд за воени злосторства.
Специјалниот суд, создаден на крајот на 2016 во Хаг, има за цел да ги истражи обвинувњата за воени злосторства од страна на поранешната Ослбодителна војска на Косово (ОВК), по што со обвиненија би можеле да се соочат некои од водечките косовски политичари, меѓу кои и Тачи и Харадинај.
Судот за воени злосторства, кој работи според косовските закони, беше создаден во странство, затоа што се сметаше дека локалниот правосуден систем не е способен да одолее на влијанието на поединци и да ги заштит сведоците.
По изборите ќе се очекува Приштина да се врати кон нормализирање на врските со Србија, согласно рамковниот договор постигнат со посредство на ЕУ пред четири години, независно од ветувањата на Тачи и Харадинај кон избирачите дека ќе бидат потврди кон Белград и Србите. Рамковниот договор беше проследен со конкретни договори за транспорт, енергетика, гранична контрола, телекомуникации и правата на Србите во Косово, од кои многу малку беа реализирани и покрај притисокот од ЕУ.
Ако Тачи и Харадинај победат врз основа на својата во голема мера популистичка и националистичка изборна платформа, по изборите веројатно ќе се соочат со притисок од внатре да ги исполнат своите ветувања, но и од надвор, од ЕУ и САД, да ги исполнат ветувањата преземени од претходните влади.Како што јави ДПА, според анкетите на јавното мислење, се очекува на изборите да победи „националистичката коалиција“ на Демократската

Пронајдете не на следниве мрежи: