Во недела „Пират“ на Бољшој на платното во Cineplexx

Loading...

На 17 ноември (недела) со почеток во 17:00 часот ќе биде прикажан вториот балет од  сезоната на театарот Бољшој. Станува збор за снимка од балетот „Пират“ кој беше изведен на сцената на театарот во 2012 година.Театарот Бољшој, Pathé Live и Cineplexx со гордост ви го претставуваат „Пират“, балет инспириран од истоимената поема на лорд Бајрон од 1814 година. Овој балет за прв пат е создаден во 1856 година за Париската опера и балет, од страна на Жозеф Мазилиер. Во 1858 година, Жул Перот ја презентираше својата верзија во театарот Бољшој, верзија во која танцуваше Мариуш Петипа. Кога тој стана кореограф, Петипа беше одговорен за сите кореографии на Бољшој се до почетокот на 20те години. Во 2007та, Алексеј Ратмански и Јури Бурлака креираа нова кореографија која опстана се до денес, како најраскошната од сите. 
„ПИРАТ“
Ноември 17, (снимка)
Музика: А. Адам
Кореографија: М. Петипа, А. Ратмански
Безгрижен пират, прекрасен грчки роб, вообразен Паша, трговец со робови, прикриена жена,  балерини во прекрасни фустани, бродолом…Реконструиран во 2007, по кореографија на Мариуш Петипа (1899) од страна на креативнотот дуо Алексеј Ратмански и Јури Бурлака (специјалист за реконструкицја на историски танци), „Пират“ ги има сите состојки на неверојатен блокбастер. Поставен на динамичната музика на Адолф Адам, инспириран од поемата на лорд Бајрон (1814), балетот е исполнет со неверојатни авантури: киднапирања во изобилство, борби, валкани трикови, отровни цвеќиња, лажна свадба…Но зад забавата, Пират содржи чуствителни теми како религија, ропство, моќ, пари, љубов… Балетот е мешавина на брилијантна ориентална инспирација со класична техника, драма и комедија. Кореографот Алексеј Ратмански, кој повторно го оживеа Пират навистина одлично ја заврши својата работа. Овој балет не е само еден од скапоценостите на репертоарот на Бољшој, но тој е уверливо своевидно егзотично ремекдело. Според Ратмански ова прекрасно дело ни носи на сцената 120 танчери за време од три часа на виртуозност. Неизвесност и насмевки се загарантирани!
Сезоната на Бољшој 2013/14 за прв пат е прикажана на големото платно во киното Cineplexx. Пет извонредни балети вклучувајќи четири премиерни продукции, Pathé Live и најдобрата светска балетска компанија ќе ни ги приближат најспектакуларните, богати и разновидни класични изведби на кино платното. Во организација на Cineplexx и Комерцијална Банка – нашиот партнер на Бољшој Балетите, љубителите на балетот ќе можат да уживаат во изведбата на најдобрите балетски танчери во светот. 
Од сезоната 2013/14 на Бољшој ни следуваат уште неколку балети во следните неколку месеци. Во „Бесценети камења“ на Бланшин ќе ги видиме изведувачите со своја изворедна кореографија во американски стил. „Загубени илузии“ е долготраен балет на најголемиот современ руски кореограф, талентираниот Алексеј Ратмански; а преку Шостакович и неговата „Златно Доба“, Бољшој балетот повторно го оживува балетот кој беше забранет и цензориран.        
Повеќе информации за Бољшој сезоната на следниот ЛИНКТеатарот Бољшој, Pathé Live и Cineplexx со гордост ви го претставуваат „Пират“, балет инспириран од истоимената поема на лорд Ба

loading...
Loading...