Станува збор за јорданската кралица Ранија која овие денови се наоѓа во Лос Анџелес.Таа пристигнала пред два дена во лежерна комбинација на панталони, маица и крзнен капут во која изгледала одлично.
Прекрасната членка на кралското семејство е голема вљубеничка во модата, а нејзиниот стил е гламурозен и елегантен, поради кој Ранија често се наоѓа на листата на најдобро облечени жени на светот.
Исто така, убавата кралица често ги крши бројните модни правила на кралскиот дворец бидејќи иако доаѓа од исламскиот свет, таа знае како да го поврзе модниот вкус и сексапилот, но секако во границите на добриот изглед.
Дизајнерите ја обожуваат, но конзервативците во Јордан ѝ замеруваат што не носи хиџаб, а таа тоа го одбила уште првиот ден кога стапнала во дворецот.
За потсетување, Ранија е родена во Кувајт и потекнува од палестинско семејство, а се венчала за кралот Абудлах II во 1993 година. Во тоа време Абдулах бил јордански принц, а парот се запознал на забава која ја организирало кралското семејство. По само два месеци, тие ја објавиле својата свршувачка.
Освен убавината и беспрекорниот моден вкус, убавата Ранија е активна во борбата за правата на жените во нејзината земја, а заслужна е и за подобрување на нивната положба откако станала кралица.
Таа пристигнала пред два дена во лежерна комбинација на панталони, маица и крзнен капут во која изгледала одлично.



