Маса долга над 35 метри, повеќе од 60.000 капачиња од пиво, над 50 члена екипа и стотина статисти е сликата што ја затекнавме на снимањето на новата реклама за Скопско во огромниот хангар на Пивара Скопје. Импресивна глетка и возбудлива атмосфера следеше по повикот за акција од режисерот.
Стотина раце како на забрзана снимка ги редеа капачињата кои покажаа испис: Голема наградна игра на Скопско и број на телефон 14 33 7.
Со капачињата беа најавени возбудливите награди; камп возило Волксњаген Цалифорниа Беацх РВ и автомобил Волксњаген Поло, како и останатите награди што ќе бидат доделени.
Забавна глетка и супер искуство, барем за сите нас кои од страна го следевме снимањето. Навистина уживавме!
Во наградната игра може да се учествува со капачиња на Скопско, Скопско Смут и Скопско Радлер од 0.33 л и 0.5 л во стаклена амбалажа, кои на внатрешната страна имаат единствен код кој треба да се испрати на телефонскиот број 14 33 7, а цената на една СМС порака е 5,9 денари со ДДВ.
Наградната игра трае 8 недели, од 9 април до 4 јуни, со главно извлекување на 5 јуни. Секој час се извлекуваат добитници на СКОПСКО мултипак. Секој ден се извлекуваат добитници за пикник маса и сет за скара, а еднаш неделно се извлекува добитник на рачно фудбалче.
Сите потребни и дополнителни информации можете да ги најдете на веб страницата www.skopskozanas.mkИмпресивна глетка и возбудлива атмосфера следеше по повикот за акција од режисерот.
Стотина раце како на забрзана снимк