Архивот на Република Македонија денеска пред граѓаните на Охрид ја промовираше својата едиција „Црните страници на УДБА“, публикација посветена на последиците од делувањето на тајните служби на поранешната заедничка држава Југославија.– Прв пат вакви документи се објавуваат во Македонија, но ова е прва таква публикација и во регионот. Тука е претставено темното наследство што Македонија го има од периодот од 1945 до 1990 година, но за жал откриени се и документи поврзани со сличен начин на делување на тајните служби и до 2000 година, истакна директорот на Архивот на РМ Филип Петроски.
Тој појасни дека во публикацијата објавени се само 202 досиеа од постоечките 15 илјади што ги поседува Архивот на РМ.
– Тука може да се види колку е обемен тој материјал и што се има во него. Ние упорно истражуваме и сметаме дека на овој начин обезбедуваме елементи за новото испишување на македонската историја, рече тој, притоа изразувајќи уверување дека сите личности што биле тормозени од службите конечно ќе го добијат местото во историјата.
Што се однесува на начинот како се обработувани материјалите, Петровски појасни дека во неа се опфатени сите градови и сите семејства што имале македонска промисла после 1945 година и кои сметале дека е потребно поинакво државно и политичко уредување, како и идејата за независна и обединета Македонија.
– Станува збор за уништени судбини на цели семејства, во некои случаи и до трето колено. Ова е само почеток во процесот на создавање историски материјал за да се спречи негово уништување. Потполната слика ќе ја добиеме откако едицијата ќе биде дополнета со лични сведоштва, со документи што не ги има во архивите. Оттаму ги повикуваме сите засегнати да достават каква било документација поседуваат, истакна Петровски.
Едицијата е составена од 16 книги во девет тома, а ќе може да се купи како комплет по цена од 15 илјади денари.– Прв пат вакви документи се објавуваат во Македонија, но ова е прва таква публикација и во регионот. Тука е претставено темното наследство ш