МПЗ „Методија Патче“ е здружение на граѓани со патриотска провиниенција, коешто првенство ги чествува сите дејци знајни и незнајни, комити и војводи од охридско-струшкиот регион, изјави Горан Лазороски, еден од основачите на здружението.Со интонирање на македонската химна во исполнение на Петар Нечовски, синоќа во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше свечено промовирано новото македонско патриотско здружение „Методија Патче“ од Охрид.
„МПЗ „Методија Патче“ е здружение на граѓани со патриотска провиниенција, коешто првенство ги чествува сите дејци знајни и незнајни, комити и војводи од охридско-струшкиот регион, а се разбира и на другите еминентни личности кои се бореле за Македонија. Во нашата програма имаме опфатено и хуманитарни, спортски и дружења во природа, како и едукација и одржување на историски трибини“, вели Лазороски.
На синоќешната свечена промоција на Здружението, свои обраќања имаа дел од основачите на здружението, а во културно уметничкиот дел настапи групата „Света Софија“ која ги исполни песните „Јас Методи Патче од Охрид“ и „Песна за Христо Узунов“.
Во прилог погледнете како изгледаше настанот кој вчеравечер се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“, низ објективот на ОХРИД 24.
Со интонирање на македонската химна во исполнение на Петар Нечовски, синоќа во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев&ldq