Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва одржа протестен марш во Охрид којшто и овој пат започна од плоштадот спроти охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад. Шест седмици ја испраќаме истата порака, дека нема да не снема. Големо „не“ за редефинирање на Република Македонија, големо „не“ за тиранската платформа, големо „не“ за промена на јазикот, името, химната и државниот грб на Македонија. Како Македонци остануваме да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, порача Дарко Мојсоски, граѓански активист.
Иницијативата „За заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на држават Шест седмици ја испраќаме истата порака, дека нема да не снема. Големо „не“ за редефинирање на Република Македонија, големо &bdqu