Премиерот Никола Груевски во рамки на денешната посета на Охрид официјално во употреба го предаде и новиот мамограф што ќе работи во рамки на Општата болница во Охрид.– За набавка на мамографот се издвоени осум милиони денари. Охрид доби најсовремен дигитален мамограф, којшто во голем број од случаите ќе биде превенција за откривање на канцер на дојка, што ќе значи спасување многу животи, оттаму што лекарите уверуваат стопроцентна сигурност за спасување живот доколку постои рано дијагностицирање на болеста, истакна тој.
Двајца лекари веќе се обучени за ракување со новата опрема, други двајца се на специјализација така што, според него, се реализираат дел од ветувањата дадени кон граѓаните кога станува збор за активностите насочени кон подобрување на здравствената заштита за граѓаните.
– За набавка на мамографот се издвоени осум милиони денари. Охрид доби најсовремен дигитален мамограф, којшто во голем број од случаите ќе би