Долгонајавуваниот проект за целосна реконструкција на градскиот водовод во Ресен, конечно го доживеа почетокот на реализацијата. Деновиве, фирмата „Маркоски К73“ од Струга, која ќе ги изведува градежните работи за реконструкција на градскиот водовод и замена на азбестните цевки во Ресен, ги започна изведбените активности. Првите градежни работи започнаа да се реализираат на улицата “Наум Веслиевски”, тргнувајќи од просторот пред Живинарската фарма кон крстосницата со улицата “Јосиф Јосифовски”. Со тоа практично започна првата фаза од реализацијата на еден од најголемите проектни зафати во Општина Ресен во последните неколку децении, вреден над 600.000 евра.
Во рамките на проектните активности, ќе се реализираат реконструктивни зафати на поголем дел од главните улици во градот, во вкупна должина од околу 8 километри, по што ќе се реконструира водоводната мрежа на уште неколку поголеми улични системи во Ресен.
Проектот што го реализира Општина Ресен е со финансиска поддршка, односно со средства од добиен грант од Европската инвестициона банка. Целосната реализација на двете фази од проектот, според најавите на изведувачот на работите, се очекува да заврши за околу една година.
Во текот на денешниот ден, градоначалникот на Општина Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски го посети местото каде што во моментов се изведуваат градежните работи и изврши увид во досега сработеното.Деновиве, фирмата „Маркоски К73“ од Струга, која ќе ги изведува градежните работи за реконструкција на градскиот водовод и замена на аз